Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Граѓаните побарале бришење на 15 избирачи, речиси 9 илјади „ѕирнале“ во исправноста на избирачкиот список

/

пред 1860 дена

Сподели преку :

Државната изборна комисија соопшти дека вкупно добила 42 барања за измена во избирачкиот список откако е отворен за проверка од страна на граѓаните. Најмногу има барања за впишување на гласачи, но има и 15 барања за бришење на избирачи.

ДИК соопшти дека: Заклучно со 29.08.2021 до 21:00 часот  вкупно 8791 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 18 барања за запишување во избирачкиот список, 15  барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 9 барања за измена на податоците во избирачкиот список. Исто така, до Државната изборна комисија, на е-маил адресата [email protected]  се поднесени вкупно 25 барања.

Проверката продолжува до 9-ти септември, а Телма веќе објави детали за починати или разузнавач со двоен идентитет кои се уште ги има на избирачкиот список.

Починат филмски актер, избеган разузнавач, контроверзен ирански бизнисмен и семејството на Субрата Рој- сите ги има на избирачкиот список

На списокот се починатиот српски актер Бекјарев, контроверзниот ирански бизнисмен Реза Сараф, семејството на Субрата Рој, но и познати македонски бегалци од законот.