Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Груби: Владата ќе субвенционира приватни компании кои ќе вработат лица од етничките заедници

/

пред 2207 дена

Сподели преку :

Владата ќе ги субвенционира приватните компании кои ќе вработат Албанци или граѓани од другите помали етнички заедници, најави првиот вицепремиер Артан Груби.

Груби додаде дека оваа мерка во Влада ќе се разгледува во следниот период.

Доколку приватни компании вработуваат Албанци или граѓани од другите помали етнички заедници ќе ја разгледаме можноста да ги субвенционираме овие компании. Сите компании кои ќе ја запазат правичната застапеност ќе бидат помогнати од Владата, потенцираше Груби.

Нешто слично најавуваше и лидерот на ДПА – Мендух Тачи во предизборниот период. Тој тогаш кажа дека 50% од финансиите што се инкасираат во Македонски телеком, ЕВН и други претпријатија се од Албанците, но тие биле застапени во овие фирми само со 2 или 3 % и немале раководни функции.