Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Два часа тетовските пожарникари гасеа пожар на неколку илјади метри квадратни земјиште

/

пред 1842 дена

Сподели преку :

Пожар зафати неколку илјади квадратни метри обработливо земјиште и разни насади вечерва на потегот од Тетово кон Желино долж стариот пат кон Скопје. Огнот бил забележан и пријавен во противпожарната единица околу 18 часот и 20 минути.

-Станува збор за пожар на отворен простор, според наши првични проценки на повеќе илјадници земјиште. Сметаме дека со ефикасна интервенција спречивме пожарот да се доближи до големиот број производствени капацитети и многу отпади кои се наоѓаат на овој потег од Тетово по стариот пат за Скопје до Желино. Пожарот е ликвидиран за помалку од два часа, информира Ука Алити, командант на територијалната противпожарна единица Тетово.

На пожарот било дојдено со три противпожарни возила со цистерни, а огнот го гаселе осум пожарникари.