Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дебарските гимназијалци втор ден бојкотираат онлајн настава 

/

пред 2192 дена

Сподели преку :

Во Дебарското средно училиште 28-ми ноември и денеска како и вчера наставата он лајн е бојкотирана во целост.

Наутро учениците и дел на родители одржаа протест во дворот на училиштето барајки притоа настава со физичко присуство.

Пред учениците и родителите се обрати директорот Рамадан Имери, кој нагласи дека управата ги разгледала барањата на учениците и родителите и најави настава со физичко присуство од понеделник.

Од друга страна градоначалникот на Дебар Хекуран Дука  во изјава за медиумите нагалси дека и дебарската гимназија треба да ја почитува одлуката на министерството  и да има само он лајн настава .

Министерката за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на новинарски прашања за најавите на бојкот на наставата, рече дека се неодговорни и дека сите носиме одговорност за заштита на јавното здравје.

Кенан Мимидиноски