Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дел од клиниките ќе ја нормализираат работата

/

пред 2290 дена

Сподели преку :

Дел од хирушките клиники се подготвуваат за нормализирање на работата, а за редовен примен на пациенти се подготвуваат и други оддели од Клиничкиот центар. Министерот за здравство, Венко Филипе, информираше дека веќе ги имаат тестовите за брза дијагностика, со кои за 45 минути ќе се знае дали е некој позитивен на Ковид-19, по што ќе продолжи третманот на пациентот.

Филипче рече дека доколку трендот со коронавирусот остане непроменет дел од клиниките со редовен прием на пациенти би стартувале од понеделник. Притоа информира дека системот „Мој термин“ ќе биде изменет. Со него нема да се закажуваат веќе одложените пациенти од изминатите месеци, бидејќи клиниките ги имале нивните имиња и биле направени интерни списоци по кои тие  ќе бидат повикувани во болниците.