Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Димовски: Нема безедносни ризици од избликот на говор на омраза кон бегалците на социјалните мрежи

/

пред 1859 дена

Сподели преку :

Се уште не е познато дали и кога ќе дојдат останатите групи од Авганистан.

„Агенцијата за национална безбедност изврши безбедносни проверки на сите кои пристигнаа, согласно протоколите и во соработка со пријателските служби“ – изјави директорот Виктор Димовски.

Тој смета дека нема безедносни ризици од избликот на говор на омраза кон бегалците на социјалните мрежи.

Првата група авганистански бегалци успеа да го напушти аеродромот во Кабул, последниот ден од американското присуство во Авганистан и доцна синоќа да слета во Скопје. Дел од 149-мината со денови чекале на отворено на аеродромот во Кабул пред да успеат да се качат на еден од последните летови од Авгнаистан. Во групата има и 20 деца помали од 14 годишна возраст, а пристигнаа и пет бремени жени.