Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Докиќ во Топ Тема – Само оние кои имале анафилактички шок не треба да се вакцинираат против Ковид -19

/

пред 2037 дена

Сподели преку :

Директорот на клиниката за пулмологија, Дејан Докиќ, во вечерашната Топ Тема, појасни дека стравувањата за можни алергиски реакции при примањето на вакцините треба да се ограничат само на луѓето кои имале во минатото тешки алергии кои довеле до ткн анафилактички шок, при што морало да биде аплициран епинефрин или адреналин.

“Оние што имаат обични алергии, на полен или на некои храни, да не се секираат, тие се безбедни. Само оние што имаат или имале во историјата на болеста податок дека имале анафилактички шок или реакција која завршила со примена на адреналин или епинефрин, не треба да се вакцинираат”.