Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Долгот на Општина Тетово е 24 милиони евра- Касами објави список на обврски

/

пред 1774 дена

Сподели преку :

24 милиони евра е вкупниот долг на Општина Тетово, објави градоначалникот Биљал Касами на седница на општинскиот совет.

Тој на советниците им поделил листа на обврски на општината како кон јавниот така и кон приватниот сектор. Меѓу нив имало и некнижени договори и ставка именувана како сомнителни обврски.

  • Сакам да го информирам советот за извештај кој е подготвен и кој ќе биде објавен јавно. Досега е констатирано дека Општина Тетово има над 864 милиони денари, училиштата над 4 милиони, ЈКП Тетово над 596 милиони, градски паркинг над 11 милиони денари или вкупно една милијарда 477 милиони 120 илјади и 659 денари или 24 милиони 18 илјади и 222 евра, истакна од говорницата градоначалникот Биљал Касами.

Пред Касами во два мандати со општина Тетово раководеше градоначалничката од ДУИ, Теута Арифи.