Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Драматично расте бројот на заразени и починати од КОВИД-19 во Битола

/

пред 2136 дена

Сподели преку :

Драматично расте бројот на заразени и починати од КОВИД-19 во Битола. За само еден месец  битката со кронавирусот ја изгубиле 68 битолачни. Вчера починаа 6 лица,  а меѓу нив двајца се на 38 и 39, останатите од  60 до 72 години.   На 25 октовмри во извештајот на Институтот за јавно здрав во Битола се  евидентирани  19 смртни случаи од почетокот на пандемијата, а еден месец подоцна, на 25 ноември има 87 починати. Смртноста е  4,6 проценти, со што Битола сега е меѓу градовите со највисок леталитет. И бројот на позитивни  е во постојан пораст, вчера се регистрирани 87, а за само еден месец  во Битола има 1400  новозаболени.  

Исклучително сложена е и епидемиолошката слика и во Прилеп, каде за само еден месец починале 72 лица, а се заразиле 1700. Поради драматичната состојба градоначалникот Илија Јованоски вчера  од Главниот кризен штаб побара  засилени рестриктивни мерки, а матичните лекари да се вклучат со  дежурства на Инфективното одделение во прилепската болница каде персоналот е на работ на издржливост. Министерот Филипче вели дека засега не се планираат дополнителни мерки  во Прилеп, но сепак, утре ќе се сретне со прилепскиот градоначалник.

Во Битола се хоспитализирани 63 , а во Прилеп  над 100 пациенти, но се уште има слободни болнички кревети. Голем дел од овие заболени се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка.

Емилија Мисирлиевска