Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДУИ го добива земјоделство, власта и опозицијата се надеваат на соработка на локално ниво со Алтернатива

/

пред 1762 дена

Сподели преку :

ДУИ ќе прифати нов мандатар доколку СДСМ така одлучи.Имињата на новите кадровски решенија допрва ќе се договараат.Вицепремиерот  Артан Груби вели дека е нормално кога има преговори за зголемување на парламентарното мнозиснтво да има отстапки за одредени министерски и директорски места . Се надева дека соработката со Алтернатива ќе се префрли и на локално ниво.

Алијанса на Албанците е изненадена од како што велат леснотијата со која е потпишан договорот . По оставката на Скендер Реџепи , партијата за нов координатор ја именува Илмире Даути.

ДОМ инсистира  да им  се соопштат сите детали од вчерашниот договор.

ВМРО-ДПМНЕ пак се надева дека на локално ниво ќе продолжи соработката со Алтернатива.

Заев и Гаши вчера постигнаа договор на Алтернатива да и припаднат Министерствата за здравство, за информатичко општество и администрација и без ресор задолжен за дијаспората, како и заменици-министри за образование, култура и земјоделство. Алтернатива ќе добие и 47 директорски места меѓу кои за МЕПСО, Фондот за пензиско осигурување, железници, Агенција за странски инвестиции и др.

Јулијана Пешевска