Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДУИ со повеќе актуелни градоначалници на локалните избори

/

пред 1855 дена

Сподели преку :

Со неколкумина актуелни градоначалници и нови кандидати Демократската унија за интеграција ќе настапи на престојните локални избори.

Денес по состанокот на Централниот одбор на партијата, кој се одржа во Гостивар, беше објавена листата со кандидатите за 17 општини и носителот за листата на советници на град Скопје.

Теута Арифи, влегува во трка за нов мандат по 8-годишното раководство со општина Тетово.

Ново 4-годишно владеење на локално ново ќе побараат и Рамиз Мерко за Струга, Фатмир Дехари за Кичево, Хекуран Дука за Дебар и Висар Ганиу за Чаир.

На престојните локални избори ќе има најголем број независни кандидати за градоначалници и за членови на совет на општините.

И кумановскиот градоначалник, Максим Димитриеки, собра потписи за настап на изборите без поддршка на матичната партија, но премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, нагласи дека според статутот на партијата за ваквите примери следи исклучување.

Локалните избори се закажани за на 17 октомври. Листите на кандидати треба да се доставуват најдоцна на 11 септември, до 24:00часот – 35 дена пред денот на одржување на изборите.

Данијела Билбилоска