Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еден позитивен меѓу приведените од ГОБ „8 септември“

/

пред 2285 дена

Сподели преку :

Еден од приведените за вчерашниот инцидент во Градската општа болница „8 септември“ бил позитивен на коронавирус и имал решение за самоизолација, соопшти МВР. 29-годишниот Б.С. ќе биде спроведен во државен карантин и против него ќе бидат поднесена кривична пријава за загрозување на здравјето на граѓаните.

Според првичните информации петмина од шесте приведени учествувале во инцидентот кој се случи синоќа. Тие дошле во болницата да го подигнат телото на роднина која починала за да го однесат на обдукција. Лекарите се обиделе да им го објаснат протоколот но тие продолжиле со насилното однесување и заканите кон докторката, тврдеќи дека се вооружени.

По пријавата пред болницата беа испратени неколку полициски тимови.

Инцидентот го осуди минситерот Венко Филипче, кој побара надлежните да го истражат случајот и да постапат соодветно.

Ова е чин на крајно непочитување на сите здравствени работници кои повеќе од 4 месеци деноноќно се борат за секој човечки живот, вели министерот за здрaвство Филипче.