Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Загадениот воздух една од причините за стерилитет на населението во Западен Балкан

/

пред 1712 дена

Сподели преку :

Загадениот воздух во Македонија но и во регинот и констатното и изложување на загадувањето е причина за стерилитет на населението и зголемен број на абортуси покажува студијата изработена во рамките на проектот „Обединет Балкан за чист воздух“.

Според истражувањето кај жените плодноста се намалува за 10 отсто доколку се долготрајно изложени на загаден воздух, се намалуваат и шансите за зачнување по природен пат а се зголемува можноста за спонтан абортус и неуспшно ин витро оплодување.

Сулфатните соединенија кои се формираат во процесот на согорување на јаглен го зголемуваат ризикот од спонтан абортус до 13%. Научните истражувања потврдија дека зачестеноста на спонтани абортуси и мртвородени деца е значително поголема во период на изложеност на загаден воздух, според одредени студии, соопштуваат од „Обединет балкан за чист воздух“.

Кај мажите пак загадувањето влијае врз работата на половиот систем и директно врз плодноста а резултат се абротуси предизвикани од клточна смрт.

Официјалните бројки потврдуваат дека државите во регионот бележат постојан пад на населението.

Според податоците на Европската агенција за животна средина, аеро загадувањето во регионот предизвикува повеќе од 30.000 предвремени смртни случаи а само во Македонија загадениот воздух годишно е причина за 3.600 предвремени смртни случаи од кои 3.400 се поради компликации предизвикани од ПМ2.5 честичките. Животниот век во државите од Западен Балкан е скратен за 1,3 години а само само електраните на јаглен во регионот  предизвикуваат економска штета која се движи помеѓу 1,2 и 3,4 милијарди евра годишно за трошоците за здравствена заштита.

Огнен Чанчаревиќ