Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заев: Она што го знам е дека Рашковски има решение од суд кога точно да оди на лекар

/

пред 1843 дена

Сподели преку :

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарски прашања за поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, рече дека она што тој го знае е дека Рашковски има решение од суд со кое му е дозволено во точно определено време да оди на лекар заради здравствени потреби.

– Правосудните органи и МВР соопштија дека има дозвола од суд во точен период кога да оди на лекар. Тоа го прочитав од медиумите. Не знам зошто е виден да оди слободно или не. Знам дека со решение има точно предвидено време кога да оди на лекар заради здравствени потреби, рече Заев.