Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заев отфрла можност за оставка, Мицкоски бара затворски казни за тетовскиот пожар

/

пред 1843 дена

Сподели преку :

Премиерот ги отфрли барањата на опозициските партии за негова оставка по пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица. Вели дека воопшто не размислува за нешто такво.

Мицкоски, кој денеска беше во Нераште, во домот на семејство на загинати во модуларната болница, рече дека не очекува непристрасна истрага се` додека не бидат прифатени оставките на министерот за здравство и неговиот заменик. Повторно побара кривична одговорност и десетици години затвор за тие што дозволиле да биде пуштен во употреба објект што нема дозвола и инсталација за противпожарна заштита.

Зијадин Села од Алијанса за Албанците, пак, синоќа обвини дека истрагата е веќе загрозена и тоа од вицепремиерот Артан Груби кој, според неговите зборови, критичната вечер, по пожарот, влегол во модуларната болница со дваесетина други лица, со што се отвора и прашањето, дали тоа ќе им оневозможи на истражителите да ја откријат причината за пожарот? Груби му одговори со контра-прашање.

Преписките и обвинувањата меѓу политичарите продолжија и на социјалните мрежи, додека семејствата и јавноста ги чекаат резултатите од истрагата.

Далиборка Демјанска

https://youtu.be/r6jv-DImeCA