Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Започна затворањето на проблематичниот канал во Струмица

/

пред 2196 дена

Сподели преку :

Струмичкиот канал познат како порој, на улицата  „Крушевска Република“  се затвора.

Каналот што со години е проблематичен за жителите на тој дел од градот честопати се излева за време на дожд или се полни со отпад.

За жителите од тој дел на градот најважно е да се реши проблемот со излевањето и миризбата.

Општината проектира каналот да стане шеталиште, но пред тоа мораат да ги решат проблемите со атмосферските води.

Вредноста на проектот е околу 5 милиони денари.

Сузана Мицева