Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Запрена истрагата за вицепремиерот Бујар Османи осомничен во предметот „Пациент“

/

пред 2290 дена

Сподели преку :

Истрагата за вицепремиерот Бујар Османи осомничен во предметот Пацинет обвинителството за организиран криминал ја запрело на 21 април годинава затоа што немало докази дека како министер за здравство ја злоупотребил службената положба, ниту дека имал умисла за сторување на делото. Постапката  за ова лице  е запрена бидејќи делото што му се става на товар не е кривично дело за кое се гони по службена должност, објаснуват од обвинителството

-Имајќи ја предвид тендерската документација и бројните прилози кон понудите по огласите за јавна набавка, обвинителството врз основа на доказите прибрани во истрагата, утврди дека осомничениот постапувал во рамките на своите службени овластувања. Со прифаќањето на предлозите на Комисијата за јавни набавки за избор на најповолна понуда по двата огласи, кај осомничениот немало свест за делото, ниту волја за негово извршување,  велат во одговор за Телма од обвинителството.

Истрагата Пацинет за злоупотреби со јавна набавка наменета за здравствени установи, ја отвори СЈО  во окотмври 2018 а една година подоцна предметот заедно со сите останати од СЈО преминаа во надлежност на редовното обвинителство.

Османи вчера  се пофали на својот ФБ профил дека истагата за него е запрена и пиша „Вистината конечно стигна до правдата! Сите шпекулации и лажни обвинувања кон мене во случајот „Пациент“ завршија.

Во овој предмет покрај Османи има уште 14 осомничени а од  обвинителството велат дека периодов им се доставуваат известувања по што ќе бидат донесени јавнообивнителски одлуки.

Елена Ивановска Мукоска