Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Захариева: Добрососедството е европски критериум, не го измисливме ние

/

пред 2193 дена

Сподели преку :

Во фокусот на Бугарија повторно е македонскиот јазик. Предлогот на министерот за одбрана, Красимир Каракачанов, 24-ти мај да стане Ден на бугарската писменост го помина првиот филтер во бугарскиот парламент.

Нивниот аргумент е дека македонскиот јазик не постои, кирилицата е бугарско писмо, а дека тоа го докажала и бугарската академија на науките.

Поддршка за ова доби и од владејачката ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов. Истовремено, во телевизиско интервју, и шефица на бугарската дипломатијата, Екатерина Захариева го проблематизира македонскиот јазик.

Според неа, тој се` уште е отворено прашање.

На прашањето, дали Бугарија ќе го блокира одржувањето на првата меѓувладина конференција за почеток на преговори на Македонија со ЕУ, Захариева вели: „Сè уште сме во процес на дискутирање на преговарачката рамка во европските работни групи, таа се уште не е дојдена на ниво на амбасадори.“

Шефицата на бугарската дипломатијата во интервјуто потенцира и дека наредниот петок очекува посета од нејзиниот македонски колега Бујар Османи.