Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За еден час 70 возачи казнети во Тетово за сообраќајни прекршоци

/

пред 2184 дена

Сподели преку :

70 возачи беа казнети во Тетово за само 60-тина минути, во рамки на денешната акциска контрола на Министерството за внатрешни работи. Најголем дел од нив управувале нерегистрирано возило или без возачка дозвола.

Со цел побезбедни улици и патишта, засилените контроли ќе се спроведуваат и во наредните денови, вели портпаролот на МВР; Тони Ангеловски.

Граѓаните на Тетово велат дека само постојаните казни можат да воведат ред во сообраќајот во градот којшто има голем број возила, а со тоа и проблеми за паркирање и лоша инфраструктура.

Од МВР информираат дека за 20-тина ден, откако започнале засилените сообраќајни контр оли, изречени се над 9 000 санкции за прекршоци, најчесто за возење со брзина над дозволената, нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата.

Данијела Билбилоска