Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За една недела стартува новата скијачка сезона на Попова Шапка

/

пред 1760 дена

Сподели преку :

Убавото време привлече голем број посетители денот да го поминат на скијачкиот центар Попова Шапка. Во анкета велат дека планината има природен потенцијал, но потребно е подобрување на инфраструктурата.

Од ЕЛЕМ Турс, пак, се пофалија дека оваа година се реализирани повеќе активности за модернизација на ски-центарот. Поставени се јавни тоалети, две нови бачила, додека новиот систем за осветлување ќе овозможи ноќно скијање на стазата Аеродром.

Долгогодишнот проблем со немањето паркинг место ќе се ублажи со ставање во функција на две хотелски паркиралишта.

Официјалниот почеток на сезоната на скијачкиот центар Попова Шапка ќе биде на 15 декември. Од раководството најавуваат два дена бесплатно скијање.

Данијела Билбилоска