Здружението Зелена лупа поднесе иницијатива до Судскиот совет за разрешување на тројца судии од Апелација. Бараат одговорност од Гордана Ѓорчева како претседател на советот на Апелација, Радица Васиљевска и Фатмир Скендер како членови на советот. Велат со прекршување на Законот за спорт и нестручно и несовесно работење предизвикале многу спортисти и доверители да не можат да си ги наплатат своите побарувања вредни неколку милиони евра од повеќе спортски клубови.











