Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зошто учениците ќе продолжат да носат маски на часови?

/

пред 1670 дена

Сподели преку :

Комисијата за заразни болести не дискутирала за носењето заштитни маски во училиштата на денешниот состанок, на кој предложила нова  методологија за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик.

Портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ, за МИА изјави дека на состанокот денеска не било дикутирано за маските, но дека ставот е претходно познат – за укинување е рано да се расмислува поради малиот процент на целосно вакцинирано население.

– Во однос на училиштата, генерално ставот од претходно беше дека премногу е мал опфатот од вакцинација и се уште е рано за да размислуваме за укинување на таа мерка. Основната дискусија на состанокот денеска беше методологијата што ја предлагаме која ќе биде план за релаксирање на мерките и да се имаат точно одредени параметри врз основа на коишто ќе можеме да ги опуштаме мерките, рече Мехмедовиќ.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска изјави дека кога Комисијата за заразни болести ќе препорача дека учениците не треба да носат заштитни маски во училиштата, Министерството за образование и наука тоа ќе го прифати.

-Јас можам да побарам, но факторот што одлучува е Комисијата и таа треба да процени дали маските веќе не се толку важни. За мене е многу важен фактор скринингот што го реализираше Министерството за здравство со Комисијата за заразни болести, кој ни покажа дека имаме добро почитување на мерките од страна на децата и многу мал број заразени деца, рече Шаќири.

Зошто учениците ќе продолжат да носат маски на часови?