Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На Пелистер изгоре планинарската куќа „Ловечка“, пожарна никој не повикал

/

пред 1774 дена

Сподели преку :

Ловечката куќа на Пелистер е вториот објект што изгоре после големиот пожар во 2013 година што го пеплоса планинарскиот дом Копанки.

За Телма од противпожарната бригада во Битола информираат дека не интервенирале, бидејќи за пожарот дознале од медиумите.

Објектот се наоѓа на 1950 метри надморска височина, на патот што води до Антена.

Овој објект порано го користеле вработените во МРТВ, а подоцна со него се служеле планинарите.

Телма неофицијално дознава дека за време на викендот во објектот престојувале луѓе. До моментов на објавување на оваа вест одговор за тоа кога се случил пожарот во Ловечката куќа на Пелистер од Противпожарната единица во Битола не добивме.

Мартин Николовски