Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Инспекциски надзор во градинката во општина Карпош каде децата биле забавувани со “Жена од султана”

/

пред 1769 дена

Сподели преку :

Инспекцијата ќе испитува случај во градинка

Министерството за труд и социјала ќе испрати вонреден инспекциски надзор во градинка во Општина Карпош за да го испита случајот дека на деца им се пушта несоодветна музика.

Оваа реакција уследи откако на порталот “Слободен печат“ беше објавено видео снимено во градинката и испратено од анонимен родител во кое децата поттикнати од воспитувачката играат на турбо фолк песната “Жена од султана“.

Родителот за редакцијата кажал дека видеото го снимила воспитувачката за да се пофали на родителите какви активности имале тој ден.

Јавните установи за згрижување и воспитување на децата работат врз основа на програма, велат од Министерството и најавуваат соодветни мерки откако ќе се утврди состојбата во оваа градинка.