Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КОД: Куќа на контроверзната Ексико – каков имот на Водно се поврзува со Мијалков

/

пред 2043 дена

Сподели преку :

Куќата во која живее Мијалков, и каде го бараа полицајци пред да исчезне 40 часа, е сопственост на фирмата Ексико, која е дел од мрежата фирми опфатена со истрагата Империја.

Во околината, на Водно,  нема ниту еден објект кој е сопственост на Мијалкови, иако има многу имоти за кои постои сомнеж за прикриено сопствеништво на поранешниот директор на УБК.

Код во вечерашната емисија истражува кои се луѓето кои навестиле бегство на Мијалков, меѓу нив, била и трансакција со која хотел на Водно неколку дена пред завршните зборови во процесот Тврдина Таргет ја сменил сопственоста и бил купен од фирма на синот на Мијалков, за 5 пати пониска цена од проценетата.

Целата емисија КОД Реконструкција на „бегството“ и предавањето на Мијалков е на следниот линк: