Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Комисијата за заразни болести бара укинување на две ковид мерки

/

пред 1685 дена

Сподели преку :

Комисијата за заразни болести на денешната прес-конференција инфомирашње дека предложи укинување на две мерки до министерот за здравство кои треба да се проследат до Владата.

Едната мерка е да се укине задолжително поседување на потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест при излез од државата, а другата е да се укине ослободувањето од работа за бремените жени.

„Препораката е бремените жени да се вакцинираат и така да го заштитат своето здравје. До сега мерката беше да се ослободат од работа, а препораките од светот е да се вакцинираат. Тоа е за унапредување на здравјето на бремените жени“, рече д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата.

Минатата недела 29,2% помалку заболени и починати од Ковид-19

На прес конференцијата,  Мехмедовиќ посочи дека граѓаните кои ја напуштаат Македонија ќе треба да имаат негативен ПЦР или потврда за вакцинација, само доколку земјата во која ќе влегуваат тоа го бара.