Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Коневски: Мицкоски се плаши од пораз во Штип

/

пред 2156 дена

Сподели преку :

Во однос на одлуката ВМРО-ДПМНЕ да не учествува на локалните избори во Штип, очигледно е дека не станува збор за некаков страв од пандемија, туку наједноставно кажано станува збор за страв од уште еден пораз на Христијан Мицкоски. Тој ги знае анкетите и знае дека тоа што нема став по важните прашања се одразува катастрофално по неговиот рејтинг и рејтингот на партијата, пишува во соопштение до медиумите Ивица Коневски.

Според него било очекувано дека Мицкоски ќе избега од изборно соочување. На него не му е важно што членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ во овие три години се постојано шиканирани, напаѓани, бркани од работа. На него не му е важно што штипјани не видоа ништо добро од локалните власти овие три години. Да му беше важно ќе излезеше на избори и ќе докажеше дека ВМРО-ДПМНЕ може многу подобро да води и управува. Да му беше важно ќе предложеше сериозен кандидат, а немаше да предлага да се продолжи мандатот на вд градоначалникот од СДСМ.

Ова е уште еден пораз на Мицкоски, односно победа на СДСМ. После ова е јасно дека конгрес мора да има, вели Коневски.