Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Косовскиот политички врв се согласи на Македонија да ѝ се продадат три милиони тони јаглен

/

пред 1747 дена

Сподели преку :

Министерството за економија на Косово вели дека, на политичко ниво, кај косовската страна постои готовност да ѝ се продадат три милиони тони јаглен на Северна Македонија, објави попладнево „Газета експрес“.

Во писмениот одговор до порталот се вели дека барањето за купување јаглен било изнесено при последната посета на Косово на делегација на македонското Министерство за економија, предводена од министерот Крешник Бектеши.

  • Северна Македонија побара да обезбеди резерви на јаглен за нејзините потреби… Министерството за економија на Република Косово прифати да отвори дебата/консултации околу модалитетите на потенцијалниот договор. Од политичкото ниво е дадена согласност и изразена добра волја компаниите да ја продлабочат соработката и техничките детали да се прецизираат во текот на преговорите, се вели во одговорот на косовското Министертво до приштинскиот портал.

Како што беше објавено по средбата на Бектеши, на 10-ти овој месец, со неговата косовска колешка Артане Ризваноли и со директорот на Косовската енергетска корпорација, КЕК, Нагип Красниќи, двете министерства се договориле да се направи и потпише Меморандум за разбирање меѓу Северна Македонија и Косово, со кој ќе се обезбедат потребните количини јаглен за производство струја од домашните енергетски капацитети.