Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Крајот на овој бран на Омикрон може да се пролонгира поради поголемата преносливот, анализира професорот Трајковски

/

пред 1704 дена

Сподели преку :

Врвот на дневниот број заразени од Ковид-19 е достигнат на 24 јануари и сега имаме забрзано намалување на бројките, а надолниот тренд се потврдува и со намалување на стапката на позитивни тестови, анализира префесорот Трајковски. Сепак, вели можно е новиот потсој на Омикрон да го одложи крајот на овој бран.

Новиот потсој БА2 со својата поголема преносливост најверојатно ќе бара дополнително прележување, но најверојатно нема да предизвика нов голем бран, туку може само да го пролонгира намалувањето на бројките до на пролет. Исто така тука треба да се додаде и ефектот на започнувањето на второто полугодие во училиштата, но таа преносливост кратко ќе трае, 10-15 дена, но и таа преносливост ќе опадне, вели проф. д-р  Дејан Трајковски.

Професорот Трајковски прогнозира дека за два до три дена ќе настапи врвот на дневниот број на починати, по што ќе има намалување, исто како и бројот на пациенти во болниците. Вкупната смртност во овој бран, вели ќе биде најмала, поради големиот број прележани, но и вакцинирани граѓани.

Најголема смртност имавме во априлскиот бран на алфа сојот, додека останатите бранови имаа приближно исти дневни бројки. Најверојатно и овој бран на Омикрон ќе донесе толкави дневни бројки, но поради тоа што овој бран трае пократко, кумулативно, вкупниот број на починати во овој бран ќе биде помал отколку во претходните бранови, посочува Трајковски.

Трајковски вели дека нема никаква гаранција дека со Омикрон сојот пандемијата ќе заврши, затоа што статистички постои веројатност од појава на нов сој кој може да предизвика и нов бран.

Емилија Мисирлиевски