46 годишен маж од Неготино заработи кривична пријава за надрилекарство. Тој четири години , од 2015- та до лани ги лажел Неготинчани дека е поранешно медицинско лице, ги лекувал и им продавал лекови и креми по цени дури и до 100 евра.
Во октомври минатата година, по пријава од измамен човек кој купувал лекови од надрилекарот полициски службеници завршиле претрес во неговиот дом при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело за кое се сомничи.











