Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кривична пријава против возачот на министерот Бесими кој предизвика сообраќајка на крстосницата пред Владата

/

пред 1698 дена

Сподели преку :

МВР поднесе кривична пријава против возачот на министерот Бесими кој завчера предизвика сообраќајна незгода на крстосницата пред Владата.

Тој ќе одговара за кривичното дело загрозување на безбедноста во сообраќајот каде максималната казна е три години затвор.

Истрагата потврди дека службениот возач на Бесими,  поминал на црвено светло на крстоницата.

Незгодата се случи околу 19 часот кога службената шкода октавија се заби во две возила, џип киа и автомобил фиат.

Министрите Бесими и Бектешки кои беа во возилот минаа неповредени исто како и возачите на другите две возила.