Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кривични пријави по објава на имиња на одбојкари наводно заболени од Ковид-19

/

пред 2208 дена

Сподели преку :

Списоци со малолетници – одбојкари  од Струмица наводно позитивни на КОВИД – 19 се врти низ социјалните мрежи и ги вознемирува децата и нивните семејства. Списокот се споделува бидејќи пред извесно време две девојчиња се регистрирани како позитивни па целиот клуб е во изолација. Од клубот Виктори волеј велат дека засега сите се чувствуваат добро и периодот на изолација истекува за ден, два.

Претседателот на клубот објаснува дека ќе поднесе кривична пријава против непознат сторител бидејќи е нарушен угледот на клубот и на децата.

Последниве два дена во Струмица има 24 новорегистрирани на КОВИД – 19 и најголемиот дел се на возраст од 15 до 30 години.

Сузана Мицева