Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонските државјани нема да може да патуваат во земјите од ЕУ до крајот на август

/

пред 2256 дена

Сподели преку :

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ решија да не го ажурираат списокот на држави на кои им е дозволено патување во унијата, врз основа на „подобра или слична епидемиолошка ситуација“.

Оценката на амбасадорите е дека епидемиолошката состојба во земјите од Западен Балкан е „доволно лоша“, со што само се потврдува претходната одлука.

Списоците нема да се ревидираат во текот на следниот месец поради колективен одмор во европските институции, но се остава простор и тогаш да се забрани влез на жители од одредени земји, ако се појави нагло зголемување на бројот на заболени од Ковид-19.