Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонски медиумски работници се вакцинираа против Ковид-19 во Врање

/

пред 2026 дена

Сподели преку :

Сто и пет медиумски работници од Македонија денеска беа вакцинирани со антиковид вакцината „АстраЗенека“ во Институтот за јавно здравје во Врање, Република Србија.

Вакцините за македонски новинари беа обезбедени на барање на Македонското здружение на новинари (МАН) во соработка со партнерското Здружение на новинари на Србија, со поддршка на канцеларијата на српскиот претседател.

За новинарите од Македонија кои аплицираа за вакцинација, беше организиран превоз.