Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Позитивна на Ковид-19 е и директорката на Нефрологија, Бушлетиќ – за два дена се заразиле сите 29 вработени

/

пред 2077 дена

Сподели преку :

Лабораторијата на МАНУ утврдува дали медицинскиот тим на Клиниката за нефрологија е заболен од британскиот сој на коронавирусот. Надлежните не ја исклучуваат оваа можност бидејќи 29 мината здравствени работници заболеле во исклучително кус временски период во кој не работеле во Ковид центарот туку во т.н. „зелена зона“ и не биле во иста смена.

Токму затоа во изминативе три дена повторно им се земени брисови кои се доставени во лабораторијата на МНУ каде ќе се прави секвенционирање кое треба да потврди дали тие заболеле од британската мутација на вирусот. Истовремно во МАНУ, по случаен избор, ќе се прави и секвенционирање на позитивните тестови кои кај нив се испраќаат од лабораториите низ целата држава.

Од здравство информираат дека засега нема потврдено нови случаи на заболени или починати од британскиот сој на коронавирус но е исклучено дека тој е присутен во Македонија.

Огнен Чанчаревиќ разговараше со др Ирена Бушлетиќ директорка на Нефрологија.

Таа е исто така позитивна , вели за сега сите нејзини колеги се добро но се прават испитувања зошто се заразиле во толкав број.