Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меѓувладина конференција со Македонија и понатаму цел на Германија

/

пред 2167 дена

Сподели преку :

Германската амбасадорка ја реафирмира позицијата на нејзината земја дека,  цел на германското претседателство со ЕУ е одржување на првата меѓувладина конференција со Македонија до крајот на годинава. Тоа, вели, е во интерес на сите вклучени страни.

За забелешката на поранешниот евроамбасадор, Ерван Фуере, дека  ЕУ не прави доволно за да им помогне на Македонија и Бугарија да изнајдат решение, Холштајн рече дека ЕУ не треба да се меша во разликите меѓу земја – членка и земја кандидат за членство кои, според неа, се прашања што се решаваат билатерално. Во интерес на Бугарија, вели,  е да си ја зачува репутацијата на силен поддржувач на европеизација на регионот и лично верува дека тоа и ќе се случи.

Но, бугарскиот амбасадор не е оптимист. Го повтори ставот дека, Бугарија не може да ја промени позицијата во однос на почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ.

Во детали за разговорите не сакаше да навлегува ниту шефот на македонската дипломатија.

На утринскиот појадок, министерот и амбасадорите договарале детали околу Берлинскиот процес, закажан на 9 и 10 ноември во Софија, а со кој Македонија и Бугарија ќе претседаваат заеднички. Дел од темите на кои ќе се стави акцент е формирање на заеднички регионален пазар по стандардите и критериумите на ЕУ, слободно движење на граѓаните во регионот со лични карти и формирање на зелени коридори.

Далиборка Демјанска