Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Микробиолог Пановски: Се ближи крајот на доброволната вакцинација-потребни се стимулациите за плашливите граѓани

/

пред 1915 дена

Сподели преку :

И додека едни граѓани се борат за термин за вакцинирање, други се колебаат, затоа што од една страна сакаат да се заштитат со вакцина, а од друга страна стравуваат од можни нуспојави од вакцината. Според проценките на микробиолозите очекувањата се половина од населнието да остане невакцинирано, а масовната вакцинација да заврши за десетина дена. Општата статистика говори дека 30 отсто од населението одбива вакцина од страв, додека 20 отсто се антиваксери кои веруваат дека во вакцината има микро чип за контрола, предизвикува неплодност или пак, веруваат во светски заговор од страна на фармацевстските компании. Експертите се категорични половина од светската популација ќе умираше ако не се измислеа вакцини.

Македонија не е исклучок со проблемите со вакцинација и во останатите развиени економски држави. Србија доделуваше парични награди, Холандија ваучери, Чешка наградни игри за бела техника и возила за примена вакцина. Пановски ја предлага истата стратегија и на мекдонските власти, стимулацији наместо рестрикции за невакцинираните, но сериозна информативна кампања за разултатите од вакцината.

Македонија набрзина ита кон крајот на масовната имузнаиција. Засега се пријавено 500 илајди граѓани ,а 400 илајди веќе добија минимум една вакцина. Вакцини има тројно повеќе од заинтересирани граѓани.

Павле Беловски