Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицковски: Жешка есен со протести, внатресобраниска борба и без оставка

/

пред 2224 дена

Сподели преку :

Жешка есен со протести, внатресобраниска борба и без оставка. По, 48 часа собраниска дебата и изборот на идната влада се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

На тимот на Заев му порача дека нема да го дочека крајот на мандат, а додека премиерот и идните министри седнуваат во функционерските фотељи, Мицковски со остра критика за владеачката коалиција и најавените државни политики.

Политичкиот натпревар како опозиција ќе го води тој лично. Иницијатива за вонреден конгрес не е пристигната во партијата, а оставка нема да намера да си поднесе, категоричен е Мицковски.

Обидите на поранешните сопартијци да издејстуваат негова смена на вонреден конгрес, мицковски ги нараче „хотелска коалиција“ и обид на Заев да создаде опзоиција на опозицијата.

Партијата е стабилизирана, внатрешните удари се надминати, а планот на ова раководство е да и приреди на владата жешка есен.

Мицковски, одново со критика дека старо-новата владина коалиција создала огррмен буџетски дефицит, ја задолжила државата, а невработеноста постојано расте.

Оценката на лидерот на опзицијата е дека владата ја губи битката со пандемијата и затоа ќе падне пред завршетокот на мандатот, и тоа со граѓански протести.

Павле Беловски