Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Наместо резултати за пожарот во тетовската модуларна болница, обвинителството го дополнува истражниот тим

/

пред 1829 дена

Сподели преку :

На 5-мината обвинители (тетовско и скопско обвинителство) им се праќа засилување од уште 4-ца виши обвинители.

Пожарот кој се случи пред 22 дена и однесе 14 животи на пациенти во модуларната ковид болница во Тетово се уште не е расветлен, а истрагата е отворена поради што се чека со одлука за понудените оставки на министерот Филипче, заменик министерот Хасани и директорите на болницата во Тетово, Бесими и Етеми.

-Определени се четири јавни обвинители од Вишото јавно обвинителство Гостивар и Вишото јавно обвинителство Скопје за евентуална помош доколку обвинителите што ја водат постапката за пожарот во Модуларната болница во Тетово,  сметаат дека им е потребна, како и за консулација по определен прашања во постапувањето, ни одговорија од обвинителството.

Истрагата се уште трае и се прибираат докази.

-Во тек е интензивно преземање на дејствија за прибирање на материјални и вербални докази. Се сослушуваат лица кои можат да дадат потребни податоци за настанот. Обвинителството ги очекува и извештаите од побараните вештачења од надлежните институции, одговорија од обвинителството.

Јавноста нема ниту информација за другата поголема истрага со која е опфатена изградбата на сите 17 модуларни болници.

-Постапката е во тек и во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде прибраната документација за набавка на модуларните болници се разгледува и анализира по што ќе биде донесена јавно обвинителска одлука за натамошниот тек на постапката, стои во одговорот од јавното обвинителство.

Модуларната болница изгоре на 8-ми септември доцна навечер. 12 пациенти болни од Ковид и двајца придружници на болните изгореа во пожарот кој се ширеше со неверојатна брзина.

И покрај сите јавно објавени информации за пропусти и одговорност при изградбата, одржувањето и управувањето со болницата, обвинителството засега не отвори предмет против никој, а се чека крај на истрагата за да се одлучи и за функционерската одговорност по понудените оставки.