Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На депонијата Русино од синоќа се пропуштаат само камиони на гостиварски Комуналец

/

пред 2250 дена

Сподели преку :

Комуналниот смет од гостиварската општина повторно се носи на депонијата Русино по речиси тридневната блокада. Локалната власт и граѓаните кои протестираа постигнаа привремен договор со што се спречи наталожување на отпадот во градот и околните населби.

Од граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ потврдија дека ќе ги пропуштаат само возилата на гостиварски Комуналец, додека забраната за другите комунални претпријатиа ќе важи и понатаму.

До договор дојде откако Општина Гостивар исполни едно од барањата односно да се испрати документ со барање до Владата и Министерството за екологија за решавање на проблемот со депонијата Русино.

Прекинот на блокадата, која започна од недела напладне, синоќа околу 22 часот ја потврди и директорот на ЈП Комуналец, Исак Љазами.

Од иницијативата нагласуваат дека на блокадата ќе останат до 12 август, бидејќи така најавиле и да го контролираат носењето на отпадот. Очекуваат да бидат исполнети сите нивни барања. Нивната крајна цел е депонијата Русино да се затвори и да изгради нова според ЕУ стандарди.

Гостиварското комуналното претпријатие се соочи со проблем, откако три дена не можеше да транспортира смет на депонијата. Ѓубрето од контејнерите го складираше во една од халите кои ги користи како магацин.

Во меѓувреме, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари обвини дека околу протестите за „Русино“ има нечесни игри во кои е вмешана политиката.