Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Недостиг од лекари специјалисти во источна Македонија

/

пред 2212 дена

Сподели преку :

Пензионирањето, но и иселувањето на младите лекари во западно европските земји го оставаат делчевскиот здравствен дом без стручен кадар.

Проблемов се провлекува неколку години наназад.

Лани не се искористиле и специјализациите, кои ги добиле од ресорното министерство, бидејќи двајца лекари си зеле приватни специјализации за гинекологија, па здравствениот дом извисил на тој начин.

Во Македонска Каменица специјализацијата ќе се реализира, а во Делчево младата лекарка си заминала во странство

Општините во пијанечкиот регион имаат проблеми и со тимовите во Итната медицинска помош, но според Глигоровска, со зголемувањето на платите во здравството состојбата е поинаква па сега имаат интерес од млади лекари не само од Делчево, туку и од други градови да работат во државните здравствени институции.

На истокот просечната старост на специјалистите е околу 60 години, недостасуваат педијатри и интернести.

На штипската Клиничка болница недостасуваат лекари специјалисти за инфектологија, неврологија, педијатрија и на одделението за уво, нос и грло. Но во овој регионален центар најголем недостиг има од медицински сестри и болничари.

Викторија Јованова Димитрова