Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема договор за онлајн седници 

/

пред 2180 дена

Сподели преку :

Премиерот Заев бара од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да не го доведува во криза Парламентот и да се согласи седниците да се водат онлајн а не со физичко присуство. Во овие моменти потребна е мудрост и одговорност, вели Заев.

ВМРО-ДПМНЕ не отстапува. Седниците може да се одржуваат со физичко присуство а подготвени се за договор само за оние пратеници кои ќе бидат во изолација поради Ковид-19. Му порачаа на Заев дека корона кризата не треба да биде алиби за тенкото парламентарно мнозинство.

И ДУИ предлага собраниските седници да се одржуваат онлајн. Иницираат измени на Деловникот со прецизирање на зборот „присуство“ на пратениците да може да биде физичко или онлајн. Преку соопштение апелираат да не се дозволи малтретирање на пратеници кои моментално се погодени од Ковид-19, да не се тераат преку посебен третман да доаѓаат на седници и да ги загрозуваат сите други.

Јулијана Пешевска