Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови разговори Заев – Гаши за влез на Алтернатива во владата

/

пред 1769 дена

Сподели преку :

Во клубот на пратениците, во тек се преговорите меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива,Африм Гаши за евентуалниот влез на оваа партија во владата.

Заев на разговорите пристигна со Димитар Ковачевски, кој по оставката на Заев од лидерската функција во СДСМ, ја најави својата кандидатура за преземање на претседателството во најголемата владеачка партија.

Заев по пристигнувањето во клубот на пратениците не даде изјава за новинарите, оценувајќи дека нема што да коментира пред разговорите. Тој и не ги коментираше информациите дека Алтернатива за влез во владата бара една вицепремиерско и две министерски функции.

Африм Гаши пак изјави дека за неговата партија не е најбитно колку минситерски места ќе добијат, колку што се значајни евроинтегративните процеси на земјата. Лидерот на Алтернатива порача и дека неговата партија не е за одржување брзи парламентарни избори.