Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Нула агенда“ на ДУИ – ПР потег или упатство за идните градоначалници?

/

пред 1853 дена

Сподели преку :

Со пет агенди или „завети“ лидерот на ДУИ, Али Ахмети, им ја трасираше работата на идните градоначалници од оваа партија. Најмногу интерес предизвика т.н. „нула агенда“ која предвидува нула отпад, дивоградби, корупција, кучиња скитници и лошо менаџирање.

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, смета дека проблемот со дивограбите е на територијата на целата држава и дека неговата општина е таргетирана. За него решение е дигитализацијата и неселктивното постапување на иституциите во поглед на проблемот со дивбоградбите.

Градоначалникот на Сарај, Белрим Беџети, кој во својот мандат ги бетонираше спорните платформи на Матка во правните лавиринти, најави дека доколку победи приоритет ќе му бидат сите пет агенди на лидерот Ахмети.

Аналитичарот Сефер Салими пак смета дека станува збор за ПР наметнат од партијата за да се дискутира на темите кои што тие ги форсираат наместо да се зборува за досега сработеното од градоначалниците на оваа партија.

Засега само градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, доколку победи на изборите нема да треба да се фати во костец со дивата градба бидејќи според него таа во Струга ја нема.

Огнен Чанчаревиќ