Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обдукцијата заврши а идентификацијата ќе покаже дали преостанатите останки се на 45-тиот настрадан во несреќата

/

пред 1773 дена

Сподели преку :

По вестите од Софија дека во автобуската несреќа настрадале 44 патници а 8 ја преживеале, обдукцијата која заврши денеска фрла друго светло на несреќата. Мешаниот тим лекари ја завршија обдукцијата на 44 сочувани тела во пожарот, но со понатамошната идентификација ќе се утврди дали преостанатите смртни останки се дел од веќе обдуцираните патници или станува збор за 45- тело.

Според искусните патолози сомнежот е дека сите патници настрадале од чадот кој навлегол во автобусот од пожарот, а причината за смртта е задушување, а не физички повреди.

Роднините се одзваа на повикот на Институт за судска медицина во Скопје и донираа биолошки материјал а се очекуваа оваа брза и напредна метода со сигурност да ги потврди идентитетите на настраданите. Но, потребни се неколку денови, обајснува Станков.

Транспоротот ќе го организира и плати државата преку Министерството за надворешни работи, а првичните неофицијални информации се дека телата во понеделник ќе стасаат во земјава и ќе бидат предадени на роднините.

Павле Беловски