Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одобрени десетици нови барања за настава со физичко присуство

/

пред 2189 дена

Сподели преку :

Столчиња  и ранци , наредени едно до друго денеска стојат на градскиот плоштад – како благодарност и поддршка за наставниците.

Празни училишни столиња и празни училници е и сликата во училишта кои не добија дозвола да ги отворат вратите за учениците од повисоките одделенија. Сепак од друга страна над 600 училишта ги прилагодија училните и објектите и почнаа со физичка настава и за основците и за средношколците.

А , владината комисија вчера  преразгледувала барања и дала зелено светло на десетици училишта да почнат со онлајн настава .

Дел од оние кои треба да учат онлајн , а нивното училиште не ги исполнува условите да држи часови и да прими ученици во училниците решија да излезат на бојкот.

Средношколците од Дебар кои бојкотира , сепак ќе ги уклучат своите лаптопи и ќе почнат со настава онлајн , јавија од МОН.

За работата на онлајн платформата , Царовска изјави дека во најголем број од училиштата тече без проблем, таму каде што има потешкотии со интернетот проблемите се решават во од.

Инаку Училишната година почна на први октомври , а за оние училишта кои држат класична настава, надзор на тоа дали се почитуваа протоколите за заштита од корона врши Просветниот државен инспекторат и здравствените инспектори.

Теодора Цветковска