Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од ВМРО-ДПМНЕ се огласија по нападот врз независната кандидатка: СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска

/

пред 1804 дена

Сподели преку :

По тврдењата на СДСМ дека независната кандидатка Данела Арсовска има бугарски пасош од 2011-та година, се огласија од ВМРО-ДПМНЕ и ги демантираат невистините и црната кампања на СДСМ.

-Ваквата црна кампања досега е незапаметена и таа е последица на стравот од пораз на Шилегов и Заев. СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска. Во целост ги демантираме ваквите невистини, и ниту една црна кампања, вклучителна и таа во која вмешуваат членови на потесното семејство на Арсовска нема да им помегне да го одбегнат поразот од народот кој им следи, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

-Потсетуваме дека не е прв пат СДСМ да мавта со лажни обвинувања за бугарски пасоши, тоа станува дел од нивната стратегија додека Заев врши притисоци врз членови на историската комисија да потпишат тоа што Заев во 4 очи договорил да продаде со бугарската власт. Ваквите лаги нема да го спасат ниту Шилегов од пораз и одговорност за прекумерното богатење додека е на државна функција. 4 стана, 2 хациенди е учинокот на Шилегов како градоначалник и еден тон лажни вести за прикривање на непособноста на Шилегов, велат од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ: Данела Арсовска од 2011-та има бугарско државјанство