Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Опозицијата бара построги критериуми при изборот на членови во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

/

пред 2174 дена

Сподели преку :

Построги критериуми при изборот на членови на Комисијата за спречување дискриминација побара опцизијата на денешната јавна расправа за Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој повторно е во собраниска процедура, откако во мај Уставниот суд го укина зашто не беше изгласан со мнозинство гласови во Собранието. На барање на невладиниот сектор, од партијата ДОМ поднесоа амандман на членот 18 од Законот, со цел потранспарентна и инклузивна постапка при изборот на членовите на Комисијата за превенција од дискриминација. Амандманот ќе се разгледува утре при второто читање на ЗСЗД во собраниската Комисијата за европски прашања.