Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Опозицијата бара предвремени избори, Алтернатива ќе го преиспитува учеството во Владата доколку не се добие датум за преговори во јануари

/

пред 1753 дена

Сподели преку :

Државата е влезена во голема политичка криза, предупредува опозицијата. Недобивањето датум за преговори со Унијата според нив покажува дека власта е делегитимирана. Убедени се дека покрај ветото од страна на Бугарија, неодамнешните настани во Собранието и притисокот врз пратениците се дополнителна причина ЕУ да ја зaгуби вербата дека македоснката влада може да биде достоен партнер за преговори. Единственото решение според нив се предвремени избори, а доколку тоа не се случи, се најавуваат масовни протести.

Алтернатива ќе почека до јануари и во зависност од исходот дали ќе има или не датум за почеток на преговори, партијата ќе го преиспита своето учество во власта затоа што тоа беше еден од клучните приоритети за влез во новиот владин кабинет.

ВМРО-ДПМНЕ се надева дека овојпат Алтернатива ќе донесе правилна одлука, додека СДСМ не смета дека е време е предвремени парламентарни избори.

Социјалдемократите сметаат дека политичката криза е завршена и е изградено стабилно парламентарно мнозинство, а институциите треба да се насочат кон решевање на енергетската криза и Ковид пандемијата.

Јулијана Пешевска