Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Османи во “Еврофокус” – идентитетските прашања произлегуваат од самоопределувањето и не можат да бидат дел од билатерален спор

/

пред 2206 дена

Сподели преку :

Прашањето на идентитетските атрибути кои се третираат во меморандумот, се прашања кои произлегуваат од правото на самоопределување и самоизјаснување и тие не се предмет на било каков билатерален или мултилатерален спор, изјави шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи во вечерашниот “Еврофокус” на Телма,  во однос на бугарскиот меморандум, кој деновиве е во фокусот на вниманието на нашата јавност.

Во однос на барањата на опозицијата за собраниска декларација како реакција на меморандумот на официјална Софија, Османи изјави дека тој не смета дека треба да има декларација, туку комуникација  со Република Бугарија, состаноци помеѓу комисиите и почитување на договорот кој е потпишан со нашиот источен сосед.